1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Секс-афера го загрозува владиното мнозинство во Австралија

Опстанокот на владата на премиерката Џулија Гилард е доведен во прашање поради афера во која е вклучен претседателот на австралискиот парламент Питер Слипер.

default

Поглед на австралискиот парламент од птичја перспектива

Претседателот на австралискиот парламент Питер Слипер денеска (22.04) објави дека привремено се повлекува од функцијата се‘ додека трае полициската истрага против него за обвиненијата дека сексуално вознемирувал колега и злоупотребувал такси услуги.

Оваа афера би можела да биде погубна за кревката лабуристичка влада на Австралија.

Слипер, имено, премина во таборот на лабуристите во замена за претседателското место во парламентот. Лабуристител предводени од Џулија Гилардл во австралискиот парламент имаат ист број места како и опозициската Либерална партија и владеат со поддршка на независните пратеници.

Julia Gillard

Премиерката на Австралија, Џулија Гилард

Инакул оженетиот Слипер (62) е обвинет дека го вознемирувал поранешниот колега Џејмс Ешби (33) и дури му зборувал да ја остава вратата од тоалетот отворена за време на туширањето додека престојувал во неговата куќа, а кога го замолил да го измасира тој „испуштал непристојни воздишки“.

Него го обвинуваат и дека злоупотребувал такси услуги кои ги финансираат даночните обврзници.

Ешби, кој е деклариран хомосексуалец, го тужеше Слипер во согласност со законот за чесна работа поради наводни експлицитни смс-пораки, несакано сексуално додворување и несоодветни коментари.

Според друг извештај, тој во Федералниот суд барал отштета, како и на неговиот поранешен шеф да му биде наложено да се лечи и посетува курс за дискриминација.

Слипер денеска се врати во Австралија од САД и веднаш издаде соопштение во кое категорично ги негира сите обвиненија.

„Обвиненијата опфаќаат и криминално однесување и обвиненија во согласност со граѓаскиот закон, затоа сметам дека е соодветно да се повлечам од функцијата претседател на парламентот додека овој случај не се реши. Обвиненијата не се точни и кога тоа ќе се докаже ќе се вратам на работа“, рече Слипер.