1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Сексот убива - посебно ако станува збор за муви

Половиот однос многу живи суштества го доживуваат пријатно - впрочем се работи за опстанок на врстата. Но мувите треба да знаат дека парењето може да биде опасно. За се’ се криви нивните крилца и слухот на лилјаците.

Лилјаците го лоцираат пленот со помош на ехо - произведуваат високи тонови преку носот и устата, а потоа со големите уши го користат евентуалното одбивање на тие звуци од различни објекти и потенцијалниот плен. Тие честопати се гостат и со муви, а тоа им е олеснето во текот на сексуалниот чин на две муви. Како што утврдија научниците од институтпот Макс Планк за орнитологија во Баварија, лилјаците брзо го регистрираат зуењето кое го произведуваат крилцата на мувите при парење.

Шефот на проектот Штефан Грајф во интервју за ДВ изјави дека феноменот е откриен во една експериментална хала: „На почетокот не бевме сосема сигурни како лилјаците воопшто ги наоѓаат мувите. Мувите имено се премали за да би биле препознаени преку ехолокацијата. Лилјаците сега пронајдоа нова стратегија, со тоа што ги користат звуците од копулацијата“.

Значи, брзо да се стигне до кулминација во сексот, не мора секогаш да биде лошо. Но, и во овој случај инсектите мора да одмерат, вели Штефан Грајф: меѓу ризикот да бидат изедени и можноста со подолг полов однос да имаат шанса за побројно потомство.