1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Секој трет пилот заспал за време на летот!?

Опасното неколку секундно заспивање не ги погодува само возачите на автомобили. Според анкета, секој трет пилот задремал барем еднаш во кабината. Пилотите затоа бараат подобри работни времиња.

Секој трет пилот во Европа барем еднаш за момент заспал во пилотската кабина поради премор. Четворица од петммина германски водачи на летот велат дека поради премор направиле грешка. Ова произлегува од анкетата на европското Здружение на пилотите „Кокпит“ направена со 6 илјади испитаници, а  објавена денеска во весникот „Билд ам зонтаг“. Портпарол на „Кокпит“ ги потврди резултаите:

„Од мое лично искуство, резултатите ги сметам исто така за реални“, изјави пилотот.

Според „Кокпит“, пилотите поради тоа бараат промена на сегашните правила за регулирање на работноот време, а се и против најавените промени од страна на Европската служба за безбедност во воздушниот сообраќај, ЕАСА.

„Во основа, работното време е предолго“, изајви портпаролот на организацијата, Јерг Хандверг. Пилотите сметаат дека се можни ангажирања од максимално 12 работни часа, додека дозволени се до 14 часа. На критика на пилотите наидува и предлогот на работна група на ЕАСА, според кој пилотите ноже можат да бидат ангажирани единаесет часа, иако лекарите препорачуваат максимално десет часа, зашто во спротивно, се заканува опасност од премор.