1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Секој со свои задачи

Лидерската средба за уставните промени околу Судскиот совет заврши експресно, со задача за секого од присутните. Ќе биде ли намалена арбитрарната моќ на Уставниот суд и дали и во него е потребен Бадентеров принцип?

default

Уставниот суд предмет на политички дебати

Во Клубот на пратеници во Скопје, вчера (11.03.2010)во ист миг, две дебати. Партиските лидери разговараа за уставни промени околу деполитизацијата на судството и досегашното очигледно мешање на извршната власт во изборот на судиите и делењето правда. Неколку чекори до нив, група експерти, хуманисти, писатели со спротивставени мислења околу темата - од кога Албанчињата да го изучуваат македонскиот јазик како официјален, дали и како Македонците да го знаат и албанскиот како јазик на меѓусебно разбирање во средините каде Албанците се доминантно население?

Лингвистиката како политички проблем

„Жал ми е што ниту еден професор од Македонците на оваа тркалезна маса не го знае албанскиот јазик, но неговото изучување, како и знаењето на македонскиот, не се дел од Рамковниот договор и преку него не смее да се отвора ова прашање на меѓусебно уважување“, изјави проф. Љубомир Фрчковски на трибината за лингвистиката како

Mazedonien Klassenzimmer

Спротивставени мислења околу изучувањето на јазикот

политички проблем. Но, еден од учесниците на „Охридските разговори 2001“ изрази стравување дека разговорите за или против обнова на Рамковниот ќе значи криза на доверба меѓу политичките актери.

Страв од мајоризација

Потврдата стигна како ехо од експресно завршената лидерска среба, која прашањето на судска реформа го претвори во дилема за посепфатна уставна промена или страв од неа. Затоа и заедничкоот именител на двата собири во ист простор во Скопје го манифестираше стравот од мајоризација на едната врз другата етничка заедница, на Македонците и Албанците едни наспроти други, што беше и заеднички именител. Разликата меѓу пристуните во клубот беше очигледна - лидерите заминаа еден по друг, учесниците на трибината за примената на албанскиот јазик ручаа заедно.

Пандорина кутија

Отворањето пат за уставни реформи како да е иницијална каписла кај дел од политичкиот фактор да побара поцелосна измена, не само за статусот и надлежностите на Судскот совет и елиминирањето од него на министерот за правда како експонент на извршната власт кој влијае врз самостојноста на судството. Напротив, Нова демократија и лидерот Имер Селмани го ставија на маса и Бадентеровиот принцип, етничкиот клуч при донесувањето на одлуките и во Уставниот суд. Некои други лидери, како Мендух Тачи, кој веќе и не доаѓа на лидерските средби, јавно говори за нов меѓуетнички договор во Македонија. Дали уставните промени ја отвораат пандорината кутија за нив ?

Mazedonien Justiz Amtsgericht

Има место за промени за да се обезбеди независноста на судството, смета Владо Поповски

„Вакви парцијални уствани промени, без предходен поширок меѓуетнички конзенсус, не се добри, особено не е валидна аргументацијата дека реформата во статусот и изборот на Републичкиот совет се прави да се избегне влијанието на извршната власт врз него. Се поставува логичното прашање дека ова тело досега било под диктат на Владата“, вели професорот Јетон Шасивари од тетовскиот универзитетски камп.

Наспорти него професорот Владо Поповски, еден од уставотворците од 1991 година, оценува дека има потреба од промени во судскиот совет.

„Има место за промени за да се обезбеди независноста на судството и ако уставните промени се концентрираат само на ова прашање тогаш нема да има проблеми.“

Професорот Поповски не гледа аргументи за ревидирање на Рамковниот договор преку најавената владина иницијатива за промена на највисокиот акт на државата:

„Не знам кои од иницијативите што ги иницираат други лидери или политички фактори околу промените на уставот ќе се усвојат. Дури тогаш ќе може да видиме во кој правец ќе се одвиваат промените на Уставот.“

Нема разговор во четири очи

Наспроти Поповски, експертот за политички односи Шасивари вели:

„Мислам дека основна фалинка на Рамковниот договор што сега ја чувствуваме беше отсуството на разговор во четири очи меѓу Македонците и Албанците во Охрид и затоа сега имаме континуитет на недоверба, па се отвораат истите прашања како од 1991 година до конфликтот една деценија потоа“

Лидерите одново ќе се сретнат, а се разделија со взаемни обврски - премиерот Груевски да подготви амандман за правецот и обемот на уставните промени околу Судскот совет, што го бара СДСМ и Бранко Црвенковски, додека челникот на Нова демократија Имер Селмани треба да образложи со писмен документ - зошто и дали е потребно Бадентеровото мнозинство и во Уставниот суд.

Владата, пак, која е незадоволна од редицата поништени законски проекти од страна на Уставниот суд, квалификувајки го како партиска експозитура на опозицијата, бара начин за намалување на неговата моќ на арбитрарност и веројатно ќе подготви Закон за Уставен суд, но сега не е време и нема политичка волја за тоа, оцени премиерот Груевски по лидерската средба.

Автор: Силвера Падори

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска