1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Секој самит - нов испит

Денеска почна редовниот самит на ЕУ во Брисел. Со оглед на темите што се на дневниот ред, познавачите сметаат со долги и тешки преговори.

default

Саркози сака успешно да го заврши претседателството со ЕУ

Францускиот претседател Никола Саркози, како претседавач со ЕУ до крајот на годината, сака самитот да донесе јасни резултати по три суштински теми: поддршка за европските претпријатија за да ја надминат меѓународната финансиска и економска криза, заштита на климата и уставната реформа на ЕУ. Европските 27-мина имаат овој пат тешка задача, оценува претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо. „Ова е можеби самит со најголема тежина во изминатите години. За мене лично тоа е сигурно најважниот самит, откако сум на чело на Европската комисија. Самитот ќе биде вистински тест за европското единство.“

EU-Kommissar Barroso stellt neues Klimaschutzprogramm vor

Многу важен самит: претседателот на Европската комисија, Барозо

Конјунктурна програма

Од трите крупни теми на дневниот ред, конјунктурната програма за излегување од финансиската и економската криза се чини најмалку проблематична. Се очекува дискусија околу предлогот на Комисијата за пакет мерки во висина од 200 милијарди евра, во кој се пресметани и националните програми за помош на претпријатијата. Германија во тоа учествува со 32, а Франција со 26 милијарди евра. Канцеларката Ангела Меркел е воздржана кога станува збор за натамошна помош. Наспроти притисокот од Брисел, Лондон и Париз таа останува на позицијата дека нови ветувања за претпријатијата може да се очекуваат дури наредната година.

Тешки преговори околу заштитата на климата

Веќе кај следната тема, европскиот пакет мерки за заштита на климата, се очекуваат посериозни проблеми.

Angel Merkel und Nicolas Sarkozy bei der CeBit 2008

Разлики и заедништво: канцеларката Меркел и претседателот Саркози

Според планот, членките на ЕУ треба на овој самит да ги договорат обврзувачките цели поврзани со редукцијата на количеството јаглерод диоксид што се испушта во атмосферата. Зацртано е до 2020-та да се намали неговото количество за 20%, што за Полска на пример претставува сериозен проблем. Таму 95% од сите потреби по електрична енергија се задоволуваат преку термоелектрани со погон на јаглен. Состојбата е слична и во други источно-европски земји. Па дури и канцеларката Меркел, под чие претседателство беа договорени климатските цели, покажува знаци на воздржаност:

„Мораме да успееме нашата индустрија што е упатена на голема потрошувачка на енергија, а живее од извоз, да биде исклучена од трговијата со права за испуштање јаглерод диоксид. Во спротивно таа ќе има проблеми со конкуретната способнопст на светскиот пазар. Не смееме да дозволиме нашите шанси за извоз да се нарушат и подоцна да гледаме како исчезнуваат работни места од Германија, бидејќи фирмите ги преместуваат производните погони во странство“ - порача Меркел.

Ирците повторно на референдум

Irland EU Volksabstimmung zu Lissabon Vertrag Wahllokal

Што ќе решат на повторениот референдум: граѓани на Ирска на првиот референдум за Лисабонскиот уставен договор

И конечно, кај третата тема, уставната реформа во ЕУ, се очекува наредната година да дојде до пробив. Имено, речиси е сигурно дека ирската влада во 2009-та ќе ги повика граѓаните повторно да гласаат за реформскиот договор од Лисабон. Притоа за владата во Даблин е од голема важност да не ги навреди националните чувства на Ирците со загубата на комесарското место во Европската комисија, што пак беше планирано со зацртаната цел за намалување на Комисијата. Се чини дека шефовите на држави и влади на европските 27-мина се подготвени на ваква отстапка, доколку тоа помогне европскиот уставен договор конечно да стапи на сила.