1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Секој кажа што може да прифати

Грција и Македонија имаат сериозен пристап и намера да се реши прашањето за името, изјави посредникот на ОН, Метју Нимиц, по средбата во Солун со грчкиот преговарач, Василакис. Според Василакис, потребно е трпение.

default

Нимиц не прецизира дали во Грција ќе има и средби на повисоко ниво

Нимиц побара повеќе време за решавање на спорот меѓу Атина и Скопје за името. Запрашан дали денеска во Солун, и вчера на средбите со македонскиот државен врв во Скопје, презентирал некаков предлог, американскиот дипломат одговори дека работите сеуште не се конкретизирани и дека со конкретен предлог ќе излезе кога ќе смета дека е потребно. На новинарско прашање дали освен за името се разговара и за други теми, медијаторот одговори: „Поставени беа и други прашања, кои би ги нарекол периферни„. Грчкиот преговарач Василакис изјави дека тој лично е оптимист и оти ако двете страни покажат конструктивност може да биде најдено решение за проблемот. Прашан дали Грција ќе стави ново вето и за членството на Македонија во ЕУ, Василакис се повика на изјава на премиерот Костас Караманлис во врска со тоа прашање: „Видете што кажа и ќе го најдете одговорот на тоа прашање“, рече Василакис.

DW.COM