1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Секој има своја шанса

Најголемиот дел од населението на емиратот Катар се гастарбајтери. Тие потекнуваат од азиски, арапски и европски земји, како и од САД. Како се согласуваат меѓусебно припадниците на различните религии?

default

Првата католичка црква во Катар беше отворена во март 2008 година

Од вкупниот број гастарбајтери во Катар, околу 800 илјади доаѓаат од азиските земји и се главно муслимани, христијани, хиндуисти, будисти. Постои и незанемарлива група арапски христијани, меѓу другите од Палестина, Либан, Египет и Ирак. Тие се делат на католици, православни, Копти, англиканци и протестанти. Како се согласуваат меѓусебно припадниците на различните религии?

Катар е заинтересиран за интеррелигиозен дијалог

Католичката црква „Девицата од Розенкранц“ дава впечаток на напуштен објект во жештината која владее во Катар. Од отворената врата меѓутоа се слуша музика, клавир, заедно со свирењето на ветрот околу црквата. Во работните денови во христијанскиот дом, јужно oд Доха, главниот град на Катар, е мирно. Пасторот Питер Метју од Индија, од пред една година ја раководи католичката заедница во Катар. Претходно 12 години работел во Дубаи. Арапските Емирати се многу слободни и толерантни, вели тој. Катар е нешто друго:

Katar erste katholische Kirche eingeweiht in Doha

Католичката црква во Доха ги прибира верниците од целата земја

„Емирот и владата се навистина добри, не‘ поддржуваат, но мораат да имаат обѕир кон мислењето на населението, а за него е ново покрај неговата, да има и други религии. Но, работите се менуваат, оваа црква е доказ за тоа.“

Во рамките на црковниот комплекс не постојат никакви ограничувања. Надвор, секој мора да се придржува на прописите, без религиозна настава во училиштата, без носење крст во јавноста. Катарците се конзервативни и традиционалисти, но во една точка предничат пред другите арапски држави:

„ Во Катар постои интензивен интеррелигиозен дијалог. Тоа ја покажува големината на интересот на владата за дијалог и разбирање. Постои толеранција. Државата кани и ги презема сите трошоци за сместување, патување, се‘. Три дена, од утро до вечер, се собираат припадници од различни вери. Тоа е добра традиција. Така се врши меѓусебно подобро запознавање, се разговара за работите кои ни‘ се нејасни, извонредно искуство.“

Христијаните немаат проблеми со муслиманите

Со повеќе од сто илјади верници католичката црква е најголемата христијанска заедница во Катар. На празници, црковниот комплекс е преполн, се одржува една божја служба по друга на различни јазици. Во зградите кои припаѓаат на црквата работат и советувалишта за семејства и за млади.

Една од помладите вернички е 17 годишната Џуди Силва, која со своите родители во Катар се доселила од Шри Ланка пред осум години. Христијаните тука немаат проблеми со муслиманите, вели таа:

„Од некоја причина, овде немаме никакви проблеми. Откако е отворена црквата, сите знаат дека не‘ има овде. Ова не е само муслиманска земја, овде постои и католичка заедница од Шри Ланка. Конечно, ние сите веруваме во истиот Бог. Никој не не‘ одвраќа од христијанството, секој има своја шанса. “

Автор: Карин Лојкефелд / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Поврзана содржина