1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Секој десетти човек ќе биде болен од дијабетис

Експертите сметаат дека во 2030 година ширум светот секој 10 возрасен човек ќе страда од диjабетис. Доколку не се преземат мерки бројот на заболени од 366 милиони лани ќе се зголеми на 552 милиони во 2030 година.

„Ги повикуваме сите јавни и славни личности, како и водечки политичари од целиот свет да започнат со борбата против оваа болест“, изјави Претседателот на Меѓународното здружение на дијабетичари Жан Клод Мбанија.

Од оваа организација предупредуваат на ширење на оваа болест во сиромашните делови на светот, како Африка на пример. Таму бројката на заболени до 2030 година ќе се зголеми и ќе изнесува 90 проценти. Освен тоа, околу 183 милиони луѓе во светот воопшто не знаат дека страдаат од оваа болест.

Особено погодени од шеќерната болест се децата во Европа

PZ-Diabetes-Freies-F.jpg

Најпогодени се децата

116.000 деца страдаат во моментов од типот 1. Се работи за автоимуно заболување, каде имунолошкиот систем не работи нормално и ефективно. Минатата година во Европа заболиле уште 18.000 деца, повеќе од било кој друг регион во светот. Инаку, меѓународното здружение на дијабетичари е составено од 200 помали организации во 160 земји. Здружението е основано во 1959 година, седиштето се наоѓа во Брисел, а има за задача да повикува на превенција, лекување и излекување на оваа шеќерна болест.