1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Секоја земја има своја евтина работна сила

Мнгоу западни земји привлекуваат евтина работна сила од странство, а во тие земји потоа доаѓа друга работна сила. Тоа честопати доведува до експлоатирачки околности.

Виновата лоза на падините по должината на реката Мозел е собрана, душеците од шупите и гаражите се спакувани, а сезонските работнци се вратија во нивните домови во источна Европа. Месеците во кои тие работат на падините со винова лоза во покраината Рајнлад Пфалц, за полињата дома во Полска, Бугарија и Романија се нарачуваат работници од уште поисточни земји, од Украина, Молдавија или Грузија. Евтини сезонски работници, кои заработуваат толку малку, што домашните работници не сакаат да работат. Тие порадо патуваат на Мозел, каде заработуваат значително повеќе, но сепак толку малку што речиси да нема Германци, кои би сакале да ја извршуваат оваа работа.

Економистите зборуваат за вин-вин ситуација, но синдикатите стравуваат дека тоа ќе доведе до зголемена експлоатација. Експертите за пазарот на трудот очекуваат дека оваа т.н. циркуларна миграција наредните години ќе се зголемува во Европа. Односно сѐ повеќе луѓе ќе заминуваат во странство на работа и ќе се селат онаму каде што трудот е подобро платен.

Мала плата за едноставни работи

Ваквата конкуренција ладнокрвно ја искористуваат многу претпријатија, забележува Харалд Виденхофер од Европскиот сојуз на синдикати во областите земјоделство, прехрана и туризам. Во Германија, во Шпанија, во Полска насекаде постои тенденција за едноставните работи да се плаќа толку малку пари, за тие воопшто да не доаѓаат во предвид за луѓето од посиромашните земји. И дури и тие честопати и не можат да живеат од тоа.

Видехофер и неговиот сојуз затоа се борат за минимална плата, која на работниците ќе им овозможи достоен живот: „Не зборуваме за европска минимална плата, туку за минимална плата, на секоја поединечна земја на Европската унија, која изнесува 60 проценти од националната просечна плата“. Во нордиските земји регулативата на пазарот на трудот е уште подобра: „Во Данска на пример“, вели Виденхофер, и нагласува дека странските работници таму треба да бидат третирани како националните. „Тоа е регулација за пример“.

Минимални плати и тарифни договори

Германија е една од последните земји без законска минимална плата, дупка која новата германска влада сака да ја затвори уште оваа година. Во пракса меѓутоа тарифните договори и договорите за минимална плата се заобиколуваат. Од 7 евра, колку што изнесува сатнината за сезонските работници на лозјата на реката Мозел, некои винари веднаш одбиваат еден дел за сместување. Но, тоа е повеќе исклучок, уверува Андреа Адамс од земјоделското и винарско здружение во Рајнланд Пфалц.

Harald Wiedenhofer

Харалд Виденхофер

Харалд Виденхофер смета дека опасноста за експлоатација на странските работници е помалку драматична во земјоделството отколку во индустријата, каде се развивале постојано нови работни услови, за уште поевтини вработувања.

Драстичен пример е германската месна индустрија, каде се вработени околу 15.000 претежно романски работници за три до шест евра на час. Основата се работни договори кои ги овозможува европското право. Според нив една германска кланица ѝ дава налог на романска фирма да заколе и исече 100.000 свињи. Сето тоа се случува во Германија за цврсто определена сума. Германските тарифни договори во оваа конструкција не играат улога. Експлоатацијата на работниците ја спроведува романска фирма.

Има решенија

ЕУ со години се обидува од една страна да ја зајакне конкурентноста, а од друга да ги заштити правата на работниците. Резултатот не е секогаш задоволителен. Пред сѐ во браншите со пониски квалификации фирмите постојано наоѓаат доволно дупки во законот. Откако со нови закони се стави крај на вработување на наводни слободни соработници, почнуваа да никнуваат реформи за посредување на работна сила. Откако беше постигнато да се воведе подобра заштита на работничките права, се појавија работни договори внатре во фирмите.

За романските работници во кланиците меѓутоа има сѐ уште надеж. На средината на јануари синдикатите и месната индустрија се договорија на минимална сатнина од 7,75 евра во цела Германија, која треба да важи и за 15.000 Романци врабоени во кланиците. За Харалд Виденхофер ова покажува дека проблемите може да се решат на национално ниво, кога постои политичка волја.