1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Секои две недели умира еден јазик

Денеска е Светски ден на мајчиниот јазик, но него го има се’ помалку: секои две недели умира по еден јазик, проценува УНЕСКО. Во Германија во моментов се загрозени 13 јазици.

default

Ширум светот денес се говорат 6.000 јазици, на половината од нив им се заканува изумирање, соопшти германската УНЕСКО комисија, по повод денешниот Меѓународен ден на мајчиниот јазик. Со исчезнувањето на еден јазик се губи и културното наследство од песни, легенди, изреки и шеги. Причините за изумирање на јазиците се лоцираат во војните и протерувањата, миграцијата и мешањето на јазиците. Во „Атласот на загрозени јазици“, актуелизиран во 2009 година, УНЕСКО наведе 2.500 јазици, за кои постои опасност.

Да се зачува разноликоста

Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултијазичност. Со него треба да се поттикнува јазичната и културна разноликост на повеќејазичјето. На овој ден се свртува и вниманието кон јазиците кои ги говорат помалку од 10.000 луѓе. Еден од овие загрозени јазици изумре минатата недела, со смрта на последната жена од племето кое го говореше Бо јазикот. Него го зборуваа луѓето кои живееја на индискиот синџир острови Андамани и Никобари.

Tag der deutschen Sprache

Во Германија загрозени се на пример северно-фризискиот и сатер-фризискиот јазик, како и сорбскиот јазик. Повеќе организации во земјата го искористија денешниот ден како повод да се заложат за германскиот јазик. Списанието „Deutsche Sprachwelt“ стартуваше акција „1000 причини за германскиот јазик“. Главниот уредник на списанието Томас Паулвиц истакна дека е крајно време да се сопре потиснувањето на германскиот јазик. Индендантот на Дојче веле Ерик Бетерман исто така се заложи за промена на трендот.

Автор: АТ/ЖА/дпа/епд