1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Секогаш победува најдобриот!

Спектакуларен почеток на пливачките дисциплини во базен на светското првенство во пливање во Рим. Тур д‘Франс во знакот на Контадор. Фелипе Маса е надвор од животна опасност.

default

Томас Лурц (Германија)

гледачите беа сведоци на шест светски рекорди во 12 трки. Во една трка - женските штафети 4 пати по 100 метри слободно - дури две штафети испливаа подобро од дотогашниот светски рекорд. Очигледно е дека тајната се крие во новите пливачки костими. Старите рекорди се подобрувани дури и за две секунди - во спорт во кој, инаку, стотинки многу значат. Германските пливачи го дадоа својот удел. Брита Штефен ја предводеше штафетата 4 пати по 100 метри и исплива светски рекорд со време од 52 секунди и 22 стотинки, штафетата исто така беше побрза од дотогашниот светски рекорд, а сепак освои само сребрен медал. Но, тоа не ја намали радоста: „Успехот го постигнавме заеднички. Го освоивме второто место зад олимписките победнички од минатата година. Мислам дека сите сме изненадени од успехот и можеме да бидеме многу задоволни од ова сознание“, рече Брита Штефен.

Златниот медал со светски рекорд го освои холандската штафета.

Schwimmen Staffel Frauen Italien FINA

Германската штафета со сребрен медал во Рим

Златен медал за Германија освои и Паул Бидерман на 400 метри слободно со светски рекорд од 3 минути, 40 секунди и 7 стотинки: „Постојано гледав лево и десно. Јас сум таков тип, само тогаш можам вистински да загризам, кога ќе си речам: ’Сега нема да им дозволиш да ти побегнат‘. Тоа беше чудесна трка, а последните 50 метри беа мои“, раскажуваше Бидерман по трката.

Другите германски претставници се оддолжија барем со државни рекорди.

Инаку, неверојатен беше подвигот на Италијанката Федерика Пелегрини, прва пливачка која 400 метри исплива за помалку од 4 минути и го подобри својот дотогашен светски рекорд за 1 секунда и 26 стотинки. И, во таква серија од рекорди, неверојатно звучи дека остана насоборен рекордот кај машката штафета 4 пати по 100 метри слободно.

Претходно во маратонски пливање Ангела Маурер, речиси на ветеранска возраст, беше најбрза на патеката од 25 километри.

„Уживав во трката. Јас не сум меѓу најмладите и сега уживам во секое натпреварување и пресреќна сум“, рече Маурер.

Шпанецот на велосипед - најзапаметена слика од овој Тур д‘Франс

Најзначајната велосипедска трка во светот Тур д’Франс помина под знакот на големиот фаворит, 26-годишниот Шпанец Алберто Контадор. Тој ја чекаше својата шанса и ја искористи во првата од етапите низ Алпите, а севкупната победа ја дозацементира во возењето на хронометар. Другото беше само прашање на тактика.

Легендарниот седумкратен победник на трката, Американецот Ленс Армстронг, по три години пауза и со искршена клучна коска во фазата на подготовките, на крајот заврши на третото место.

„Очекував да бидам прв, но понекогаш во спортот има некој кој е подобар - јас бев таквиот седум години и не знаев како изгледа да си втор или трет. Најдоброто на Тур

Tour de France Sieger Alberto Contador

Алберто Контадор

е дека секогаш ппобедува најдобриот“, прокоментира Армстронг.

Тој најави настап и наредната година и тоа со сопствен тим - во Астана мораше своите квалитети да ги стави во функција на победата на капитенот Контадор. Нема сомневање дека тогаш, на 38-годишна возраст, ќе стори се’ за да дојде до осмиот триумф.

Зелената маичка за најголем број освоени бодови му припадна на Норвежанецт Тор Хусховд, најдобар ридски возач годинава е Италијанецот Франко Пелицоти, а најдобар млад возач Анди Шлек од Луксембург, кој во генерален пласман е второпласиран.

Од Германците најдобар е Андреас Кледен на шестото место во генералниот пласман. Другите помалку или повеќе потфрлија. Хајнрих Хауслер успеа да забележи една етапна победа. Од наредната година тој ќе настапува за Австралија - земјата во која е роден. Тони Мартин во својот прв настап на Тур д’Франс покажа дека има потенцијал за во иднина.

Од трката останува и надежта дека и дополнителните контроли ќе покажат дека немало допинг, што би можело да ја врати разнишаната доверба во овој спорт.

Маса е надвор од животна опасност

Трката за Големата награда на Унгарија од светското првенство во автомобилизам формула еден е засенета од несреќата што ја доживеа бразилскиот возач Фелипе Маса. Најважно е дека сега тој не се наоѓа во животна опасност.

„По операцијата од минатата ноќ можам да кажам дека

Formel 1 Ungarn Unfall Massa

Уништениот болид на Фелипе Маса

здравствената состојба на Фелипе е стабилна и немаше компликации во текот на ноќта“, соопшти Стефано Доменикали, шеф на тимот на „Ферари“.

За време на тренингот во саботата тој беше погоден в глава од федер откачен од друг болид, при што загуби свест и со полна брзина удри во заштитниот ѕид од автомобилски гуми. Маса беше однесен в болница и веднаш беше опериран. И покрај тешките повреди, не би требало да останат трајни последици за неговото здравје и по шест недели дури можеби ќе биде во состојба да вози трка.

Инаку, победник на „Големата награда на Унгарија“ на патеката Хунгароринг кај Будимпешта е светскиот првак Луис Хамилтон од тимот на Мекларен Мерцедес, втор беше Кими Рајконен. Во генерален пласман и натаму уделива предност има Британецот Џенсон Батон од тимот на Браумн Мерцедес, кој во оваа трка го освои седмото место.

Автор: ЗЈ/ТТ/Вист/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска