1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Сезона за паметење

Биланс на годинешната сезона на Бундеслигата.

default

Заслужена победа

Кој можеше да верува во тоа? Волфсбург навистина никој не го вбројуваше во фаворитите за титулата. Но со тоа 46. сезона во Бундеслигата имаше соодветен крај, зашто тоа беше една од највозбудливите и најспектакуларни сезони воопшто. Се’ до финишот имаше фудбалска драма за титулата, за опстанокот за местата во европските купови. На навивачите им се допадна тоа. И повторно има нов рекорд. Во текот на целата сезона на стадионите имало преку 13 милиони навивачи.

Борусија ја пропушти шансата

Најголема навалица имаше во Дортмунд. Новиот тренер Јирген Клоп ги наелектризира навивачите, а по просечниот есенски дел од првенството во финишот на сезоната и екипата. И на крајот Клоп и неговата трупа за влакно пропуштија пласман во меѓународните натпреварувања: „Значи многу полошо не може да биде. Сезоната ни донесе многу нешта само не пласман во купот на УЕФА. Тоа е лошото во приказната.“

Слаб пласман на есенскиот првак

Bundesliga Hoffenheim gegen Bayern

Хофенхајм против Баерн

И на Хофенхајм на крајот сезоната му донесе само опстанок во лигата. Новајлијата во првата Бундеслига во првиот дел од сезоната воодушевуваше со брзиот, модерен фудбал, беше есенски шампион, но, во пролетниот дел падна истотолку спектакуларно. На крајот Хофенхајм заврши само на седмото место. Полош пласман на крајот на сезоната досега немал ниту еден есенски шампион во Бундеслигата.

„Имавме извонредна полусезона, но, во вториот дел од првенството доживеавме како точно изгледа другата страна на фудбалот“, резимираше на крајот на сезоната тренерот на Хофенхајм, Ралф Рањик.

Тој и покрај падот на Хофенхајм останува тренер на екипата. Петмина негови колеги наспроти добија отказ.

Клинсман го напушти Баерн

Најеминентното отпуштање на тренер си го дозволи Баерн од Минхен. Јирген Клинсман направи комплетен пресврт во клубот, но, не успеја да ги постигне очекуваните успеси:

Deutschland Fußball Jürgen Klinsmann neuer Trainer bei Bayern München

Јирген Клинсман

„Сметам дека не треба да се грижам за својата иднина. Тука не станува збор за мојата личност туку за Баерн“, говореше Клинсман самоуверено непосредно пред да биде објавена веста.

„Фудбалскиот клуб Баерн се раздели од својот тренер Јирген Клинсман.“

Менаџерот на тимот Ули Хенес набргу објави: „Го поздравувам значи мојот стар другар Јуп Хајнкес“. Холандскиот стручњак стана привремен тренер на рекордерот по титули во Бундеслигата.

„Тоа е пријателска услуга за Баерн Минхен и за Ули Хенес, но со задоволство го правам тоа“, порача Хајнкес.

Тренерот на првакот Волфсбург од наредната сезона во Шалке

„Поради посебните желби на Феликс Магат ние како што толку убаво се вели во Шалке, ја држевме муцката затворена.“

Шестата промена на тренер во Бундеслигата имено се случи пред крајот на сезоната. Тренерот на шампионот Волфсбург, Феликс Магат во наредната сезона ќе биде на клупата на Шалке 04 и наместо да настапува во Лигата на шампионите ќе биде исклучиво насочен на Бундеслигата.

Играчи на сезоната се Графич и Џеко, напаѓачкиот двоец на шампионот Волфсбург кои заедно постигнаа неверојатни 54 голови и со тоа го урнаа долгогодишниот рекорд од 53 голови на досега најдоброто напаѓачко дуо во Бундеслигата, Герд Милер и Ули Хенес од Баерн Минхен.

Автор: Бенјамин Вист / Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска