1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Сезер: опасност за секуларниот систем на Турција

Турскиот претседател Неџет Сезер, кому му истекува мандатот, предупреди на опасноста од исламизација на политичкото раководство на земјата. Секуларниот систем во Турција е во најголема криза од основањето на Републиката во 1923-та година, рече Сезер во Истанбул. На ова му се спротивстави министерот за надворешни работи Абдула Ѓул, укажувајќи на политичките реформи во земјата и на стопанските успеси, кои – како што рече тој – добиле признанија и од странство. За денеска во Анкара се најавени демонстрации на десетици илјади луѓе против можната кандидатура на претседателските избори во мај на актуелниот премиер, исламски ориентираниот Реџеп Таип Ердоан.