1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Седум загинати, во напад врз американскиот конзулат во Џеда, Саудиска Арабија

Саудиските безбедносни сили ја ставија под контрола состојбата по утринскиот напад и заложничката драма во американскиот конзулат во градот Џеда, Саудиска Арабија. Според последните информации, најмалку тројца од милитантите кои држеа во заложништво 18 лица се елиминирани, а двајца се уапсени, во акцијата на безбедносните сили.

Густ чад во околината на зградата на американскиот конзулат во Џеда

Густ чад во околината на зградата на американскиот конзулат во Џеда

Се започна утрината кога група муслимански милитанти извршија бомбашки напад пред влезот, по што извршија упад во зградата на американскиот конзулат во Џеда, притоа убивајќи четворица Саудијци припадници на обезбедувањето. Во моментот на нападот, според различни агенциски информации во зградата на конзулатот се наоѓале од 18 до 22 лица кои беа држени како заложници.

Набргу по нападот, Саудиските безбедносни сили ја опколија зградата на конзулатот, по што започна жестока престрелка во која според информациите тројца од милитантите биле убиени, а двајца од нив ранети и заробени.

Очевидци на настанот изјавија дека за време на жестоката престрелка над зградата се издигнал густ чад. Портпаролот на амбасадата на САД во Саудиска Арабија, Керол Калин, соопшти дека двајца локални лица вработени во конзулатот биле повредени, додавајќи дека ниту еден американски дипломат не бил повреден, ниту киднапиран при нападот.

Саудиските власти го потврдија епилогот од акцијата за спасување, но засега не соопштуваат дали при акцијата претрпеле одредени загуби . Нападот врз американскиот конзулат во Џеда, е прв поголем од Мај годинава, кога милитанти привразници на терористичката Ал Каеда на Осама Бин Ладен извршија напад врз една нафтена компанија во кој загинаа 22 странски државјани и седум припадници на бебзедносните служби.