1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Седум години затвор за Јулија Тимошенко

Судот во Киев ја осуди Јулија Тимошенко, поранешен премиер на Украина на седум години затвор поради злоупотреба на службена должност. Приврзаниците на Тимошенко со демонстрации изразуваат незаводоволство од пресудата.

ARCHIV - Julia Timoschenko, aufgenommen auf einer Kundgebung in Kiew (Archivbild vom 07.09.2010). In der Ukraine drohen Ex-Regierungschefin Timoschenko viele Jahre Gefängnis wegen Amtsmissbrauchs. Damit wäre die prowestliche Gegnerin von Präsident Janukowitsch politisch kaltgestellt. EU und USA warnen die Ex-Sowjetrepublik vor Isolation. EPA/SERGEY DOLZHENKO (zu dpa-Korr Showdown für Timoschenko - Ukraine am Wendepunkt vom 10.10.2011) +++(c) dpa - Bildfunk+++

Јулија Тимошенко, предводникот на „портокаловата револуција“ во Украина

Во процесот поради злоупотреба на службена должност, украинскиот суд ја осуди поранешната премиерка Јулија Тимошенко на седум години затвор. Тимошенко е виновна по точките на обвинението. Судот во Киев смета дека е докажано оти

Ukraine Julia Timoschenko Prozeß in Kiew Richter Rodion Kirejew

Судијата Родион Киријев

Тимошенко во 2009 година склучила договори за испорака за гас со Русија, кои биле неповолени за Украина. Поранешната советска република претрпела штета од 137 милиони евра поради Тимошенко, изјави судијата Киријев. Со изрекувањето на пресудата тој го потврди барањето на Државното обвинителство, кое пледираше на казна затвор од седум години, но и на обештетување тешко милиони и забрана за извршување политичка дејност за предвоникот на „портокаловата револуција“.

Тимошенко: Секогаш работев за доброто на Украина

Сединцата на која беше објавена пресудата почна уште утринава, а судијата Родион Киријев неколкупати даваше паузи. Една од паузите Тимошенко ја искористи за импровизирана и истовремено забранета изјава за печатот. „Ниту

Schuldspruch für Timoschenko - Strafmaß noch offen

Тимошенко даде изјава за медиумите и покрај забраната

еден збор од она што сега го чита Киријев не е вистинит. Ниту во светот, ниту во Украина некој верува во злосторствата кои тука се објавуваат, затоа ниту Јануковиќ, ниту Киријев можат овдека да го извалкаат моето чесно име. Секогаш работев за благосостојбата на Украина и ќе продолжам со тоа“, изјави Тимошенко и подвлече дека судијата Киријев е присутен, но не зборува во свое име. Тој нема свое сопствено мислење, изјави поранешната премиерка.

Уште во текот на процесот 50 годишната Тимошенко постојано го обвинуваше судијата, дека е само марионета на украинскиот претседател Јануковиќ. Тимошенко го изнесе своето мислење и во врска со него.

„Искрено кажано, жал ми е за Јануковиќ. Тој верува дека на овој начин ја демонстрира своја моќ, верува дека се презентира како силен водач, со тоа што дозволува да бидат донесени вакви пресуди, но со тоа се омаловажува самиот“, изјави Тимошенко.

Политички мотивиран процес?!

Ukraine Tymoschenko Timoschenko Protest Demonstration

Приврзаниците ќе се борат до крај

Приврзаниците на Тимошенко, илјадници насобрани пред судот во Киев, бурно реагираа на објавата дека Тимошенко е прогласена за виновна. Претпладнево веќе дојде со судири со сили за безбедност, кои се пред судот во голем број. Украина е на пат да стане диктатура, опоменуваат приврзаниците на Тимошенко.

„Ова е самоволие и беззаконие. Поинаку не може да се гледа на оваа пресуда“

„Украина нема да се помири со оваа пресуда, туку ќе издејствува ослободување на поранешната премиерка“.

„Ова е лошо за Украина, ги кочи нашите напори за приближување кон Европа“, порачуваат приврзаниците на сега веќе осудената поранешна премиерка. Како казнета, Тимошенко имено нема да смее да се кандидира на престојните избори за политичка функција. Одбраната на Тимошенко веќе најави ревизија.

Европската унија, уште пред објавувањето на пресудата се закани со консеквенции, во случај на осуда на Тимошенко. Во меѓународни рамки, процесот против Тимошенко се оценува како политички мотивиран.

Автор: Кристина Нагел/ Александра Трајковска/ афп/ дпа

Редактор: Борис Георгиевски