1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Седум години затвор за Берлускони

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е осуден денеска (24.06) на седум години затвор во процесот „Руби“, за секс со малолетната проститутка.

Милански суд му изрече казна затвор од седум години на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони во судскиот процес наречен „Руби“, во кој тој беше обвинет за секс со малолетна проститутка. Оваа пресуда е во прва инстанца и освен затворската казна предвидува јавна забрана за вршење јавна должност на Берлускони.