1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Седум Американци и еден Германец загинаа во Авганистан

Осум странски војници се убиени во три одделни инциденти во Авганистан. Седум од нив се американски војници, а еден е германски. Друг германски војник е повреден во нападот.

Германската војска информираше дека во последните инциденти во Авганистан животот го загубил еден нејзин војник, а друг дека е повреден. Инцидентот се случил на северот од Авганистан. Германските специјални сили помагале авганистанска операција во близина на северниот авганистански град Баглан, кога бил отворен оган врз нив, но и врз нивните авганистански колеги. Германското министерство нема информации за жртви меѓу напаѓачите, но оценува дека „веројатно“ неколкумина од напаѓачите се убиени. Според последните информации нема загинати цивили во тој напад. Германија, по САД и Велика Британија, е третата најголема странска трупа распоредена во Авганистан. Во моментов во Авганистан има 4.200 германски војници.

Пет американски војници, пак, загинаа во одделен инцидент на експлозија на бомба во областа Мајванд во јужната провинција Кандахар, информираа авганистанските власти.

Припадник на Авганистанската национална армија со своето оружје нападнал двајца американски воници во западната провинција Фарах, информираа авганистанси и НАТО претставници. Талибанците презедоа одговорност за нападот, велејќи дека еден од нивните тајни агенти убил двајца американски војници.

Вчерашниот ден беше најсмртоносен за меѓународните сили во Авганистан од август 2012 година. Кон крајот на минатата недела талибанците сооопштија дека започнаале „пролетна офанзива“ во чии рамки ќе ги засилат нападите врз странските воени цели и врз дипломатските претставништва.