1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Седумнаесет турски војници загинаа во хеликоптерска несреќа

Седумнаесет турски војници загинаа денеска (10.11) кога воениот хеликоптер со кој се превезувале се урнал на југоистокот од Турција, поради лоши временски услови, објавија турските власти.

Хеликоптерот Сикорски се урнал на планината Херекол, во шиитска провинција во земјата. Жртвите се припадници на специјалните сили на жандармеријата. Турската државна телевизија информираше дека на местото на несреќата имало густа магла. Во таа област се активни курдските бунтовници. Турските власти ги испитуваат причините за хеликоптерската несреќа.

Турската војска во последниве месеци спроведува операции на планината каде се урна воздухопловот со цел совладување на бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК). Од ова лето се засилија нападите на ПКК на југоистокот од Турција. Турските авиони и хеликоптери во минатите три дена напаѓаа позиции на ПКК долж границата со Ирак и Иран, при што убија 42 милитанти.

Повеќе од 40.000 лица се убиени во конфлитот меѓу турските власти и ПКК, кој почна во 1984 година, а чија цел е создавање на посебна, главно курдска држава на југоистокот од Турција. За турските власти, САД и ЕУ, Курдската работничка партија претставува терористичка група.