1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Седуммина повредени во напад врз американска база во Авганистан

Во напад врз база на НАТО во Кундус денеска (26.02) се повредени седуммина американски воени инструктори. Полицијата соопшти дека демонстранти фрлиле експлозив во базата.

НАТО ја потврди експлозијата во американската база во северниот дел на Авганистан, но не наведе детали. Пред базата во Кундус демонстрирале Авганистанци поради палењето на Коранот од страна на американски овјници, што се случи пред неколку дена во базата Баграм. Во демонстрациите што во последните денови се одржуваат ширум Авганистан досега загинаа околу 30 лица.

Откако двајца американски офицери беа убиени среде авганистанското министерство за внатрешни работи, НАТО викендов ги повлече сите свои соработници од министерствата во Кабул. Чекорот претставува мерка на претпазливост, се вели во ИСАФ. Безбедносните експерти проценуваат дека повлекувањето е недвосмислен доказ за тоа дека НАТО веќе не им верува на авганистанските безбедносни сили. Освен тоа, инцидентот отвора нови прашања околу тоа во колкава мера талибанците се вовлечени во институциите на власта и како властите ќе се грижат за безбедноста по повлекувањето на меѓународните сили.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го повика населението на смиреност. На прес-конференција денеска тој рече дека на „непријателите на мирот“ не смее да им се дозволи злоупотреба на протестите во земјата.

Автор: ЕМФ/ртр/афп/епд

Редактор: Б. Георгиевски