1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Севиља го освои купот на УЕФА

Фудбалерите на Севиља го освоија купот на УЕФА. Тие, во финалето во Ајндховен, го победија Мидлсбро со убедливи 4:0. На тој начин Севиља првпат освојува трофеј во некое од европските натпреварувања.

default

Победата на Севиља над Мидлсбро е најубедлива во историјата на финалето на Купот на УЕФА, откако за освојување на трофејот одлучува еден натпревар. Шпанската екипа поведе во 26 минута со голот на Луис Фабијано. Двократен стрелец во 78 и 84 минута беше Италијанецот Енцо Мареска, а конечниот резултат го постави Фредерик Кануте, на една минута пред крајот на регуларниот тек натпреварот. Тренерот на Севиља, Хуанде Рамос, изјави дека имало доста притисоци и тензии, но дека страдањето се исплати. Мидлсбро, против Севиља го одигра последниот натпревар под водство на тренерот Стив Мекларен, кој после Светското првенство во фудбал ќе го преземе кормилото на англиската репрезентација.

А, германската женска репрезентација, вчера направи уште еден чекор напред кон Светското првенство во Кина во 2007-ма. Тимот на Силвиа Најд во четвртиот натпревар од квалификациите против Ирска победи со еден спрема нула и води во својата група, пред тимот на Русија. Голот беше постигнат рано, само 140 секунди по почетокот на натпреварот, но тоа не значи и дека работата на германската репрезентација беше лесна.

“Се разбира, оптимално е кога ќе се поведе рано со 1:0, но потоа треба да се поведе со два или три спрема нула за натпреварот да се игра опуштено, што е предуслов за уште голови“, изјави Керстин Гарефрекес.

Квалификациите за светското првенство во Кина продолжуваат на 26 август со мечот на двата тима, но овојпат во Ирска, а четири дена подоцна германската женска репрезентација игра против екипата на Швајцарија.