1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Североистокот на САД тоне во снег

Силната снежна бура на североистокот од САД предизвика огромни проблеми во сообраќајот, а на учениците им донесе подолжување на божиќниот распуст.

Поради големите наноси снег затворени се повеќе автопати, а авиокомпаниите откажаа повеќе од 2300 летови. Повеќе училишта останаа затворени, а голем број државни службеници се испратени дома пред завршувањето на работното време.

Само во Бостон и во сојузната држава Масачусетс вчеравечер (2/3.01) за неколку часа падна нов снег во висина од околу 20 сантиметри. Националната метеоролошка служба јави дека во Боксфорд, северно од Бостон, паднале 60 сантиметри снег. Од делови на сојузната држава Њујорк се јавува за снег во висина од 45 сантиметри. И во сојузната држава Вашингтон има големи наноси снег.

На подрачјето зафатено од снежната бура живее речиси третина од вкупното население на САД. Прогнозата вели дека снег ќе паѓа уште цели 12 часа. „Како последица на бурата, над источниот дел на САД ќе има многу студени воздушни маси“, прогнозира метеоролошката служба. Во многу региони температурите може да бидат пониски за цели 20 до 30 степени од нормалните за овој период на годината. Студениот бран најверојатно ќе се прошири дури до северот на Флорида.