1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Севернокорејски војник уби колеги и дезертираше во Јужна Кореја

Севернокорејски војник денеска се проби низ доброчуваната со тешко оружје граница и да пребега во Јужна Кореја, убивајќи притоа двајца офицери. Јужнокорејската армија соопшти дека дезертерот е во „заштитен притвор“.

Информацијата за дезертирањето и убиството на севернокорејските офицери ја потврди и министерот за одбрана на Јужна Кореја. Но, министерот освен оваа информација, не понуди повеќе детали за настанот. Локалните медиуми информираат дека војникот ги застрелал двајцата офицери додека бил на стража, непосредно пред да ја мине границата денеска околу пладне. Неименуваниот дезертер сега е на испрашување од страна на јужнокорејските власти.

Дезертирањата низ 250 метри долгата граница меѓу двете Кореи се многу ретки, бидејќи таа е добро чувана со бројна војска и тешко вооружување. Последниот познат пример на дезертирање во редовите на севернокорејската војска е од 2008-ма година. Но, од друга страна илјадници граѓани на Северна Кореја секоја година пребегнуваат во Кина, а од таму и кон југ. Во богатото капиталистичко соседство се смета дека има 20.000 бегалци од Северна Кореја. Главните причини за бегствата се лошата економска состојба и политичкиот притисок.

Двете Кореи се’ уште технички се во војна, откако заврши со примирје, наместо со мировен договор, војната во периодот од 1950-та до 1953-та година.