1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Северна Кореја ја одложи средбата на раздвоените семејства

Властите во Северна Кореја денеска, соопштија дека четири дена пред нејзиниот почеток на неодредено време се одложува планираната средба на семејствата кои биле раздвоени за време на Корејската војна.

По еден период на затоплување на односите меѓу Северна и Јужна Кореја, дипломатското приближување меѓу двете соседни земји беше неочекувано поткопано со одлуката на раководството во Пјонгјанг за итно откжување на средбата на раздвоените семејства од Корејската војна, закажана за крајот на месецот.

Севернокорејската новинска агенција КЦНА, повикувајжи се на официјални извори, јави дека ваквата одлука на Пјонгјанг е поради „непријателската политика“ на Јужна Кореја, односно тоа што конзервативните сили во соседната земја ја „користат планираната средба за јакнење на конфронтациите“.

„Средбите на раздвоените семејства и роднини ќе бидат одложени сѐ додека не се создаде нормална артмосфера во која ќе бидат можни преговори“, го пренесе КЦНА соопштението на северкорејскиот Комитет за мирно обединување на двете Кореи, кој е одговорен за односите со Сеул.

Шестдневните средби требаше да започнат в среда, на 25 септември, во севернокорејскиот регион на планините Кумганг, северно од демилитаризираната граница, а се сметаа за важен елемент во затоплувањето на односите меѓу Северна и Јужна Кореја, кои беа во војна од 1950 до 1953 година.

Програмата за средби на раздвоените семејства од Корејската војна, инаку, започна во 2000 година и во нејзини рамки илјадници луѓе веќе беа во можност кусо да се сретнат со своите роднини од другата страна на границата. На крајот на август Северна и Јужна Кореја се договорија програмата да продолжи на крјот на септември, по речиси тригодишна пауза.

Јужнокорејските власти остро ја осудија одлуката на раководството во Пјонгјанг.