1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Северна Кореја смета на војна против САД

Не е прашање дали ќе има војна. „Отвореното прашање сега е кога ќе избувне војна“, изјави портпарол на министерството за надворешни работи во Пјонгјанг.

Целиот свет во моментов гледа кон Израел по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел. И целиот свет во моментов смета на ескалација на насилството во овој регион. Но, постојаниот непријател на Трамп во Пјонгјанг, властодржецот Ким Јонг Ун, исто така, не дава одмор и повторно изрекува закани: заедничките јужнокорејско- американски воени маневри и заканите на САД со превентивен напад неизбежно водат кон војна. Ова е „утврден факт". Северна Кореја не сака војна, но нема ниту да се крие, пишува државната новинска агенција КЦНА, цитирајќи го портпаролот на севернокорејското министерство за надворешни работи. 

Спорна точка- воените маневри

По најновиот севернокорејски тест на интерконтинентална ракета, САД и Јужна Кореја во понеделникот (5.7.) започнаа големи воздухопловни маневри во регионот.

Кина и Русија сугерираа дека САД и Јужна Кореја треба да се воздржуваат од воените вежби. За возврат, Северна Кореја треба да ги прекине своите програми за вооружување, со кои изолираната земја ги прекршува резолуциите на ОН, гласеше пораката на Пекинг и Москва

Вчера, инаку, јужнокорејската новинска агенција Јонхап, цитирајќи ги воените кругови, јави дека  САД, исто така, најавиле дека во Јужна Кореја ќе испратат авиони бомбардери со долг дострел од типот Б-1Б.

 

DW.COM