1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Северна Кореја се закани со безмилосен напад на Јужна Кореја

Севернокорејската армија денеска се закани дека ќе започне „безмилосен воен напад“, ако активисти од Јужна Кореја продолжат со плановите за ширење пропаганда со фрлање флаери со помош на балони следната недела.

Во соопштението на севено-корејската армија се вели дека ако во понеделник се забележи и најмало движење во насока на расфрлање флаери против режимот на Северна Кореја, тогаш нејзината армија безмилосно ќе нападне без претходно предупредување.

Соопштението ги предупреди жителите во областа, каде активистите планираат да ги пуштат балоните, да се „евакуираат за да избегнат можна штета“. „Областа ќе стане цел на дирекна борба“, укажува армијата. Ова се смета за најостро предупредување што Северна Кореја го упатила до својот јужен сосед во последниве месеци. Специфичен е тонот, како и конкретната локација и времето за планираниот напад.

Палоните со флаери против Северна Кореја планираат да ги пуштат активисти кои не се поврзани со владата во Сеул.