1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Северна Кореја сепак изврши атомска проба

Според информации од Пјонг Јанг подземниот експеримент бил спроведен со „100% домашната технологија„. Северно Корејската новинска агенција исто така денеска информира оти од подрачјето каде што е извршена пробата нема штетно радиоактивно зрачење.

Јужнокореанци гледаат ТВ емисија со снимка од некоја друга подземна нуклеарна проба

Јужнокореанци гледаат ТВ емисија со снимка од некоја друга подземна нуклеарна проба

Висок службеник за безбедност на Јужна Кореја потврди утринава дека на источниот брег на Северна Кореја во подрачјето Хамјонг, околу 300 километри северно од јужно-корејскиот главен град Сеул, бил регистриран земјотрес со силина од 3,5 степени по рихтеровата скала. Според јапонски извори владата во Токио била известена од кинеска страна за пробата, и тоа половина час по нејзиното извршување. Владата во Пекинг за тестот дознала 20 минути пред детонацијата.

Експертите првично очекуваа најавениот тест да биде извршен уште во неделата, на денот на преземањето на власта од страна на северно корејскиот водач Ким Јонг Ил. Државните медиуми додуша го славеа како чудо на столетието, но не го спомнаа нуклеарниот тест со ниту еден збор. Како втор можен термин се сметаше денешниот понеделник, кога Северна Којреа го слави денот на владеачката Работничка партија. Познавачите на приликите проценуваат дека е можно режимот во Пјонг Јанг да ја поместил нуклеарната проба од обзири кон блискиот партнер Кина. Вчера имено во Пекинг престојуваше новиот јапонски премиер Шинзо Абе, во посета што требаше да го надмине леденото доба во односите меѓу двете земји. Атомскиот тест секако ќе ја оптовареше добрата атмосфера при разговорите на јапонскиот премиер во Пекинг.

Што се однесува до атомската бомба, британски весници јавуваат дека таа била била три метра долга и четири тони тешка и дека имала силина од 20 килотони. Весникот при тоа се повикува на информации од руски воени експерти стационирани во Пјонг Јанг. Доколку овие информации се потврдат како точни, тогаш бомбата е слична по дизајнот и технологијата со онаа што Американците ја фрлија врз јапонскиот град Нагасаки на крајот од Втората светска војна. Овој вид атомска бомба функционира по принципот на имплозија. Прво се детонира надворешната обвивка на бомбата, што го згуснува до критичната точка плутониумот во внатрешноста на бомбата.