1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Северна Кореја сака да ги отвори границите за посетители

Раководството на Северна Кореја има намера да дозволи повторно влез во земјата за припадници на семејствата и туристи од Јужна Кореја. Ова стои во соопштение пренесено од страна на државната новинска агенција КЦНА.

default

Ким Јонг Ил со шефот на јужнокорејскиот концерн „Хјундаи“, Хијун Чунг-Еун

Туристички посети од Јужна во Северна Кореја не се можни веќе една година. Од почетокот на октомври 2009 година треба да бидат повторно можни и средби на семејствата кои биле разделени за време на војната меѓу двете Кореи од 1950 до 1953 година.

BdT Proteste in Südkorea

Протести во Јужна Кореја против политиката на соседот

Пјонгјанг профитира од проектите на „Хјундаи“

Ваквите изјави од Пјонгјанг доаѓаат по средбата на претседателот Ким Јонг Ил со шефот на јужнокорејскиот концерн „Хјундаи“, Хијун Чунг-Еун. Хјундаи управува со одморалиште за Јужнокорејците на северот на земјата, како и со индустриска зона на другата страна на границата. Двете работи се солиден извор на средства за севернокорејското раководство. Проектите стагнираат откако односите меѓу двете држави, по преземањето на власта од страна на јужнокорејскиот претседател, Ли Мијунг Бак, пред 18 месеци, се заладија. Ли, имено, води исто така тврда политика кон Северна Кореја како и Пјонгјанг кон Јужна Кореја.

Заладени односи

Односите меѓу двете земји се заострија и поради нуклеарната проба и неколкуте ракетни тестови извршени од страна на Северна Кореја. Инаку, двете корејски држави се‘ уште официјално се во воена состојба. Корејската војна во 1953 година беше завршена со потпишување примирје, но на границата меѓу двете земји се‘ уште има повеќе од еден милион војници, а двете држави ги дели и демилитаризирана зона во која се поставени мини.

ЕМФ/ЖА/афп/ројтерс

Редактор: Жана Ацеска