1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Северна Кореја – преговори

*

Преговарачите на шестпартитните преговори околу севернокорејската атомска програма досега не успеаја да постигнат договор околу временскиот план за конечно нукеларно разоружување на земјата. Американскиот преговарач, Кристофер Хил, во Пекинг соопшти дека до крајот на август работни групи ќе подготват опции за натамошното дејствување. Денеска завршува актуелната рунда преговори. Северна Кореја, како прв важен чекор, пред неколку дена соопшти дека ќе ја затвори атомската централа во Јонгбјон, како што беше договорено на преговорите со САД, Русија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја во февруари годинава.