1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Северна Кореја - преговори

Во кинескиот главен град Пекинг денеска почна последната рунда шест партитни преговори за нуклеарната програма на Северна Кореја. Преставниците на Пјонгјанг според агенциски извештаи на почетокот на преговорите го повториле ставот дека Северна Кореја ќе го затвори главниот нуклеарен реактор веднаш откако САД ќе ги укинат финансиските санкции за земјата. САД претходно потврдија дека се согласиле да ослободат 25 милиони долари замрзнати во банка во Макао, по примените гаранции од Пјонгјанг дека парите ќе се употребат за хуманитарни цели.