1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Северна Кореја повторно провоцира

Подготвителна воена вежба или само тест: севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун повторно нареди испалување ракети со кус дострел. Светот со загриженост ги следи случувањата на Корејскиот Полуостров.

Северна Кореја денеска истрела три балистички ракети со мал досег од своето источно крајбрежје во Јапонско Море, пренесоа јужнокорејските медиуми.

Според податоците на Министерството за одбрана на Јужна Кореја две истрелувања биле регистрирани утрината, а уште едно попладнето по локално време. Не се знае за какви точно ракети станува збор. Јужнокорејската новинска агенција Јонхап претпоставува, повикувајќи се на владини извори, дека се работи за антибродски или ракети земја-земја со дострел од околу 120 километри.

Испалувањето ракети може да биде почеток на воени вежби, но и поединечен технички тест, се шпекулира во Јужна Кореја.

Сеул наведува дека јужнокорејските сили внимателно ги следат активностите на Северна Кореја и се во состојба на зголемена борбена готовност.

Севернокорејските властодржци и врховни команданти на војската како Ким Јонг Ун редовно даваат наредби за истрелување ракети со краток дострел како тест или во рамките на воени маневри. Последното истрелување се случи по заедничките воени вежби на морнарицата на САД и Јужна Кореја, што Пјонгјанг ги осуди како провокација.

Ситиацијата на Корејскиот Полуостров е се‘ уште тензична. Изолираната комунистичка Северна Кореја им се закани претходно на САД и на Јужна Кореја со атомски напади. Во последно време затегнатоста малку попушти. САД тврдат дека Северна Кореја ги симнала од стартните мобилни ракетни рампи веќе подготвените за испалување ракети со среден дострел.