Северна Кореја останува на црната листа | Вести | DW | 04.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Северна Кореја останува на црната листа

*

Северна Кореја останува на терористичкиот список, изјави главниот американски преговарач Кристофер Хил, демантирајќи ги информациите од Пјонгјанг дека САД ќе ја отстрани земјата од црната листа држави што го спонзорираат тероризмот. Хил нагласи дека претходно комунистичката земја мора да направи уште чекори за запирање на спорната нуклеарна програма. Потоа може да бидат симнати економските санкции, рече Хил.