1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Северна Кореја е ослабена

Северна Кореја во февруари вети дека ќе ја прекине атомската програма и ќе дозволи доаѓање на странски инспектори во земјата. Но,експертите предупредуваат дека и покрај позитивните сигнали,не треба да владее преголем оптимизам пред денешните преговори

Од денешните преговори за севернокорејската атомска програма

Од денешните преговори за севернокорејската атомска програма

Дали Северна Кореја сака да добие во време и на крај да ја повлече за нос меѓународмата зедница или навистина сака чекор по чекор да прекине со својата атомска програма?Мислењата на експертите се разијдуваат.Додека едните со оптимизам гледаат во иднината,другите предупредуват од такви избрзани проценки,како на пример кинескиот познавач на состојбите Хин Канронг:

„Од средбата не треба да постојат преголеми очекувања.Но,мора да веруваме,зашто постојат некои позитивни сигнали.Дали договорот ќе биде реализиран,сепак е големо прашање.Најголемата пречка е недовербата која постои меѓу САД и Северна Кореја.“

Во февруари Северна Кореја изрази подготвеност за затворање на атомскиот реактор во Јонгбјонг,за пријавување на сите атомски постројки и дозволување доаѓање на странски инспектори.Како противуслуга треба да добие 50 илјади тони нафта,а би следела натамошна помош во енергија,ветена и е и хуманитарна помош.

Не беше отфрлена ниту желбата на Пјонгјанг за директни билатерални разговори,за што Хин Канронг вели:

„Северна Кореја им дава посебно значење на односите со САД.Јас минатата година бев во Северна Кореја.Моето мислење е:луѓето таму од една страна ги мразат Американците,а од друга страна им се восхитуваат на САД.Ако зборуваме за мотивите на Северна Кореја да развива атомско оружје,брзо доаѓаме до точката на спознавање-тоа го прави за да се чувствува посигурна.Пјонгјанг се чувствува загрозен од САД,со атомското оружје бара сигурност,сака да се заштити.“

Во 2005 година Северна Кореја веќе покажа подготвеност за затворање на атомските постројки.Кратко потоа изврши атомски тестови,по што ОН воведоа санкции.Тоа дополнително ја погоди исклучително сиромашната земја,вели Хин Канронг:

„Ова единство на меѓународната заедница овојпат не и остави на Северна Кореја простор за натамошни игри,овојпат таа е под голем притисок,а таа е и во економска криза.“

САД претходно се согласија да ги одмрзнат средствата од околу 25 милиони долари сопственост на Северна Кореја во банка во Макао,а Пјонгјанг вети дека ќе ги употреби во хумани цели.