1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Северна Кореја да спроведе реформи и да го чува мирот

Германската влада ја повика Северна Кореја по смртта на властодржецот Ким Јонг Ил да спроведе мирни реформи. Претседателот на Советот на ЕУ Херман ван Ромпој уапти повик за зачувување на мирот на Корејскиот полуостров.

default

Новото раководство во земјата мора да се откаже од атомската програма, да ја подобри катастрофалната хуманитарна состојба на населението, како и да биде подготвено за отворање на политиката и економијата, изјави портпарол на министерството за надворешни работи во Берлин по веста за смртта на долгогодишниот претседател на северна Кореја, Ким Јонг Ил. Официјален Берлин сега гледа „шанса“ за промени во државата.

ЕУ бара зачувување на мирот на полуостровот. Претседателот на Советот на ЕУ, Херман ван Ромпој, изјави дека ЕУ внимателно ја следи ситуацијата и смета со тоа дека раководството во Пјонгјанг ќе работи на стабилност во регионот.

Министерството за надворешни работи на Русија од Пјонгјанг побара „мораториум за сите нуклеарни активности, вклучувајќи и облагородување уран“ и „создавање поволни услови за повторен почеток на меѓунаорднир азговори околу атомската програма“.

Од Вашингтон денеска се вели дека САД се во тесен контакт со своите сојузници, Јужна Кореја и Јапонија, и остануваат обврзани кон „стабилноста на Корејскиот полуостров и слободата и безбедноста на сојузниците“.

Автор: СН/ЕМФ/дпа/дв

Редактор: С. Недевски