1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Северна Кореја го разреши шефот на армијата

Во комунистичка Северна Кореја е разрешен шефот на армијата Ри Јонг Хо. Официјално поради болест. Експертите меѓутоа претпоставуваат борба за превласт меѓу водечките структури.

Шефот на армијата на Северна Кореја Ри Јонг Хо е разрешен од сите функции. Државните севернокорејски медиуми соопштија дека одлуката била донесена на конгрес на работничката партија, поради болест на водачот на војската. Ри беше шеф на Генералштабот на севернокорејските сили за безбедност од 2009 година. Тој беше и вице маршал на кореанската народна армија и член на претседателството на политбирото на партијата.

Ри Јонг Хо се сметаше за близок советник на поранешниот претседател Ким Јонг Ил кој го придружуваше и неговиот наследеник и син, новиот претседател на државата Ким Јонг Ун.

Детали за здравствената состојба на Ри не се познати. Засега не се знае кој ќе биде негов наследник. Со оглед на тоа што 69 годишниот Ри на последните настапи во јавноста не остави впечаток дека е нарушена неговата здравствена состојба, се претпоставува дека Ким Јонг Ун се одделил од блискиот соработник на татко му, за да ја нагласи својата политика. Според набљудувачите наредните недели може да се очекуваат и други смени.

Владата на Јужна Кореја разрешувањето на Ри го оцени како „особено невобичаено“. Портпарол на министерството за одбрана во Сеул изјави дека ситуацијата во Северна Кореја се следи „со интерес“. Повеќе податоци не сакаше да наведе.