*
Северна Кореја, ја запре работата на нејзиниот атомски реактор во Јонгбјон. Претставник на американското министерство за надворешни работи соопшти дека за тоа е добиено известување од Пјонгјанг. Вашингтон го поздрави ваквиот развој и сега очекува потврда од тимот на Меѓународната агенција за атомска енергија. Десет нејзини експерти вчера пристигнаа во Северна Кореја.