1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Северна Кореја ги симна ракетите од лансирните рампи

Пјонгјанг, според американски наводи, повлекол од лансирните рампи две ракети на Источниот брег. Чекорот се случува еден ден пред американскиот претседател Барак Обама да се сретне со јужнокорејската претседателка Парк.

Северна Кореја симна две ракети од лансирните рампи во воениот полигон што се наоѓа на источниот брег на земјата, соопштија американски официјални претставници.

Според САД, ракетите не се преместени на алтернативен полигон и засега нема закана тие да бидат истрелани. Поставувањето на ракетите во позиција за лансирање веќе неколу недели предизвикува тензии, при што Пјонгјанг и‘ се закануваше на Јужна Кореја дека ќе ја „прекрие со пламенот на пеколот“.

САД, Јапонија и Јужна Кореја стравуваа од испалување ракети на роденденот на основачот на Северна Кореја, Ким Ил Сунг, на 15 април. Ракетите со среден дострел „Мусудан“ достигаат 3 до 3,5 илјади километри далечина и можеа да погодат американска база на пацифичкиот остров Гуам. Ракетата „Мусад“, базирана на руска ракетна техника, е развиена вп Северна Кореја.

САД ја поздравија „паузата во провокациите“ на Пјонгјанг, како што пренесе портпаролот на Пентагон, Џорџ Литл, како позитивен развој.

Повлекувањето на ракетите доаѓа еден ден пред американскиот претседател Барак Обама даја прими во Вашингтон претседателката на Јужна Кореја, Геун Хи Парк. Главна тема на средбата според медиумите ќе биде конфликтот на двете Кореи.