1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Северна Кореја – атом

Северна Кореја ги блокираше преговорите околу окончувањето на нејзината програма за атомско оружје што се одвиваат во Пекинг. Објаснувањето е дека севернокорејската делегација и натаму чека да се деблокираат 25-те милиони американски долари од нејзините банкарски сметки во Макао. Според објаснувањето на американското министерство за финансии, трансакцијата зависи од билатералните разговори меѓу Северна Кореја и Макао. САД во понеделникот одобрија ослободување на севернокорејските финансиски средства блокирани во 2005-та под соомневање за перење пари.