Северна Кореја – атомска програма | Вести | DW | 25.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Северна Кореја – атомска програма

САД побараа од Северна Кореја да го спроведе ветеното ставање крај на нејзината атомска програма. Преговарач на претседателот Буш ваквата порака им ја врачи на северно-корејските дипломати во Обединетите нации во Њујорк. Претседателовиот пратеник притоа изрази разочарување што Северна Кореја го пречекори рокот за запирање на атомскиот реактор во Јонбијон. Северно-корејскиот претставник во Обединетите нации, Ким Мијонг Гил напротив изрази негодување што замрзнатите средства во Макао се уште не се стигнати во Пјонгјанг. Северна Кореја во февруари соопшти дека е подготвена да ја заврши атомската програма во замена за 25 милиони долари кои се замрзнати во една банка во Макао на барање на САД.