Северна Кореа соработува со меѓународните инспектори | Вести | DW | 13.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Северна Кореа соработува со меѓународните инспектори

*

Комунистичкиот режим на Северна Кореја им дозволил целосен пристап на меѓународните инспектори во нуклеарната постројка Јонгбјон, изјави портпаролот на стејт департментот Шон Мек Кормак во Вашингтон. Ексертите од САД, Русија и Кина целосно го разгледаа нуклеарниот комплекс и го видоа она што сакаа да го видат, изјави МекКормак. Инаку во еден извештај на американската влада до Конгресот се вели дека во меѓувреме е постигнат доволно напредок за да можат да се вршат подготовки за ветените испораки на енергија тешки милиони долари.