1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Северна Кореа изврши тест на атомско оружје

По неодамнешното објавување на плановите,Пјонгјанг денеска информираше дека пробата на бомбата од домашно производство била успешна . Меѓународната заедница со едногласна загриженост и критика реагираше на веста од Северна Кореа

default

Висок службеник за безбедност на Јужна Кореја потврди утрината дека на источниот брег на Северна Кореја во подрачјето Хамјонг, околу 300 километри северно од јужно-корејскиот главен град Сеул, бил регистриран земјотрес со силина од 3,5 степени по рихтеровата скала. Според јапонски извори владата во Токио била известена од кинеска страна за пробата, и тоа половина час по нејзиното извршување. Владата во Пекинг за тестот дознала 20 минути пред детонацијата.

Веста од Пјонгјанг предизвика голема загриженост во меѓународната заедница а особено кај земјите во блиското опкружување кои се особено погодени се соседните земји во регионот. Јапонскиот премиер Шинзо Абе кој денеска во Сеул разговараше и со јужнокорејскиот претседател Ро Мо Хин, оцени дека станува збор за провокација и закана:

Јапонската влада започна да размислува за контрамерки против Северна Кореа . За тоа ќе разговараме со САД , Јужна Кореа и Кина“--изјави Абе во Сеул

Јужна Кореја претходно го зголеми на највисоко ниво степенот на готовност на својата армија

Наводниот атомски тест е оценет како провокација и за САД. Ако тоа се потврди, мора неодложно да дејствува Советот за безбедност на ОН, рече портпарол на Белата куќа во Вашингтон. Реагираше и ЕУ :

Сакам да кажам дека ова е истотака лоша вест и за луѓето од Северна Кореја . Владата во Пјонг јанг троши многу пари за нешто што не им е од полза на луѓето и тие ќе продолжат да гладуваат- изјави првиот европски дипломат Хавиер Солана

За британскиот премиер Тони Блер атомскиот тест е “неодговорна работа” и “екстремна провокација”. И германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер го осуди атомскиот тест и додаде дека Севернојкорејската влада со ова само продолжува по патот на самоизолација.

Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека категорично го отфрла однесувањето на владата во Пјонгјанг и искажа надеж дека Северна Кореја наскоро ќе се врати кон шестпартитните преговори. Ист повик упати и рускиот претседател Владимир Путин но со далеку покритичка порака :

„Русија го осудува неодговорниот атомски експеримент во Северна Кореа . Овде не се работи само за Северна Кореа туку истотака и за тоа дека е фрлена тешка сенка врз договорот за неширење на атомското оружје во светот“- истакна Путин.