1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Северна Кореа би се вратила на шестпартитните преговори!?

Северна Кореа е заинтересирана за шест партитните преговори и би се вратила на преговарачка маса откако ќе ги анализира санкциите содржани во резолуцијата која синоќа ја усвои советот за безбедност на ОН, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Александер Алексејев по посетата на Пјонгјанг. Русија и Кина се двете земји со право на вето кои издејствуваа предлог резолуцијата на САД да биде ус

Пак Гил Јон, амбасадорот на Северна Кореа во ОН

Пак Гил Јон, амбасадорот на Северна Кореа во ОН

�оена без да содржи закана за употреба на сила

“ Резултатот од гласањето е следниот, предлог резолуцијата доби 15 гласови за. Предлог резолуцијата едногласно е усвоена како резолуција 1718“

Вака престедавачот со советот за безбедност, јапонскиот амбасадор Кензо Ошима го соопшти резултатот од гласањето за предлог резолуцијата за воведување економски санкции за Северна Кореа. Санкциите, како мерка против нуклеарната проба, предвидуваат и ембарго за трговија со тешко конвенционално оружје и луксузни стоки како и забрана за патување на официјални лица кои работат на северно корејската нуклеарна програма. Од денеска се замрзнати и сите сметки во странство на властите во Пјонгјанг. По иницијатива на Русија резолуцијата не содржи закана од воена акција.

Севернокорејскиот амбасадор во ОН, Пак Гил Јон, ја отфрли резолуцијата и го обвини советот за безбедност за употреба на двојни стандарди.

“ Ова јасно покажува дека советот за безбедност целосно ја загубил својата непристрасност и сеуште опстоува во примената на двојните стандарди. Доколку САД го зголемат притисокот врз Демократска Народна Република Кореа, тогаш ние ќе продолжиме да преземаме физички контрамерки и тоа ќе го сметаме како објава на војна“

Американскиот амбасадор Џон Болтон веднаш одговори :

“ Тука не станува збор за судир меѓу САД и Северна Кореа, туку судир меѓу Северна Кореа со останатиот дел од светот, посебно со земјите во регионот“

На тој начин уште еднаш ја отфрли мкожноста за директни преговори меѓу Вашингтони Пјонг Јанг, Форматот се шестпартитните преговори на кои Северна Кореа мора се врати. Виталиј Чурки, амбасадорот на Русија во ОН, можеше само да се чуди:

“ Од Северна Кореа не се бара ништо фантастично или невообичаено“

Но со хармонијата меѓу силите со право на вето, по моментот на единственост веднаш се заврши кога амбасадорот на Кина иёзјави дека Кина нема да учествува во инспекциите во севернокорејскиот увоз извоз. На ова реагираше Болтон

“ Кина мора да се придржува до меѓународно правно обврзувачката резолуција за која исто така гласаше“

Американскиот претседател Џорџ Буш ја поздрави резолуцијата како јасна порака за режимот на северно корејскиот претседател Ким Јонг Ил:

“ Акцијата на советот за безбедност на ОН, која беше неодложна, покажува дека сме обединети во нашите напори да го видиме корејскиот полуостров ослободен од нуклеарно оружје. Постојано кажував дека постои подобар начин за напредок на Северна Кореа, за народот на Северна Кореа. Лидерот на оваа земја треба да стави крај на нуклеарната програма, а САД и останатите земји ќе бидат подготвени да и помогнат на земјата економски да се опорави“ рече Буш