1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Северна и Јужна Кореја се враќаат на преговори

Јужна Кореја го прифати предлогот на Северна Кореја за официјални преговори околу отворањето на заедничката погранична индустриска зона и низа други билатерални прашања.

Јужнокорејското министерство за обединување денеска (06.06) соопшти: „Владата на Јужна Кореја го прифаќа предлогот на Северна Кореја за официјални преговори“. Во Сеул се додава дека местото и датумот на преговори ќе бидат дополнително објавени.

Севернокорејскиот комитет за мирно обединување на двете Кореи му предложи на Сеул наскоро да почнат преговори, наведувајќи дека акцентот ќе биде ставен на прашањето на индустриската зона Кесонг (на фотографијата) и на повторно спојување на семејствата разделени по војната меѓу двете Кореи во 1953 година. Комитетот не наведе на кое ниво ќе се водат преговорите.

Во Кесонг, која се наоѓа на територија на Северна Кореја, работат повеќе од 50.000 севернокорејски граѓани и стотици државјани на Јужна Кореја. Од 2004 година во индустриската зона се сместени повеќе од 120 јужнокорејски фирми.

Северна Кореја на почетокот на април ја затвори зоната Кесонг, ги повлече работниците и им забрани на јужнокорејските менаџери да влегуваат во комплексот. Пјонгјанг тоа го стори во знак на протест против заедничката вежба на американската и јужнокорејската армија и заострувањето на санкциите од страна на ОН. Кризата се заостри поради тоа што во февруари Пјонгјанг изврши трета нуклеарна проба, а потоа во повеќе наврати се закануваше дека со ракети ќе го гаѓа јужниот сосед и САД.