1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Северна Ирска профитира од историјата

Северна Ирска е немирната провинција во Обединетото кралство. Сепак, таа самосвесно го претвора во атракција дури и делот од историјата кој бил тежок.

Лузните од поновата историја се присутни насекаде во Белфаст. Портите на таканаречениот ѕид на мирот се‘ уште се затвораат секоја ноќ за да се одделат квартовите на католиците и протестантите. Но, токму овие траги од крвавиот конфликт се магнетот кој во последната година привлече повеќе од милион туристи во Белфаст.

Еден од оние што профитираат од тоа е Џерард Фoско, поранешен борец на ИРА, кој одлежа шест години затвор поради бомбашки напад. Тој сега на посетителите им го објаснува конфликтот од републиканска и од лична перспектива: „На овие ѕидови се овековечени имињата на стотици републиканци кои се бореа и загинаа. Еден од нив е брат ми. Неговото име е вгравирано таму - Тони Фoско, на десната страна“, покажува Фоско во насоката на еден споменик.

Борецот за слобода стана туристички водич. Фoско денес има до три тури дневно.

13.06.2013 DW Wirtschaft Nordirland 2

Џерард Фoско со група туристи

„Луѓето си заминуваат со сознание - за што беше борбата. Не требаше да се случи, но се случи. Тоа беше несогласување меѓу две страни, републиканската и британската. Сега е подобро. Се добива чувство дека имавме трагично минато на обете страни, но сега одиме кон подобри времиња, подобра иднина“, вели тој.

Северна Ирска привлекува туристи не само со својата историја. Романтичен карпест брег, некои од најубавите голф-терени во светот, историски градови и села - ова богатство последната година беше магнет за туристи. Уделот на туризмот во ефектот на северноирското стопанство достигна пет проценти.

Алан Кларк, од туристичката агенција ЦЕО вели: „Многумина доаѓаат да играт голф оти нашите голфери се многу добри на светската сцена, но имаме и бизнис-туризам - конференции и конгреси. Тоа е многу важно, зашто носи приход и вон сезоната и луѓето трошат повеќе пари.“

„Титаник Белфаст“ пред една година се насочи кон туризам поврзан со катастрофи. На тоа место ирските работници некогаш го градеа трагичниот луксузен брод, а денес има музеј, вреден 97 милиони фунти. Осумстотини илјади посетители уште во првата година е над сите очекувања.

13.06.2013 DW Wirtschaft Nordirland 5

Клер Бредшо

Клер Бредшо, од „Титаник Белфаст“, вели: „Кога ќе видиш некого на улица со карта в раце, уште ќе те заинтригира и си велиш - боже, луѓево дошле од сите страни на светот за да го видат нашиот град. Во Лондон или Милано се навикнати на туристи, за нас ова е релативно нов концепт.“

Туристичкиот бум во Северна Ирска покажува како се прави капитал од темните глави на историјата, а докажува и дека може да се окончаат судир и насилство, без да се заборави минатото.