1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Северна Америка сака да стане регион број еден во светот

САД, Канада и Мексико си поставија амбициозни цели. Нивниот регион треба да стане најконкурентен во светот. Особено значење притоа има соработката во енергетската сфера.

Северна Американ на 21-от век ќе постави нови стандарди во трговијата, одржливиот пораст и иновациите - со ваквата изјава американскиот претседател Барак Обама, канадскиот премиер Стивен Харпер и мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието го завршија својот самит во Толука. „Решени сме да создадеме економски пораст за благосостојбата на наште граѓани“, соопштија државниците по еднодневната средба.

Поедноставни гранични и царински прописи

Тројцата соговорници, меѓу другото, договорија забрзување на граничните контроли и поедноставување на царинските прописи. На олеснување на пограничниот сообраќај особено инсистира Мексико.

Karte NAFTA Länder mit Flaggen

Поради строгите контроли на границата со САД, камионите мора често да чекаат со часови. Решение би било создавање заедничка царинска агенција, која би вршела проверка на документите за увоз уште во земјата од каде тргнува камионот. Освен тоа, соработката во безбедносната сфера треба да се продлабочи, а треба да се интензивира и академската размена.

„Енергијата има приоритет“

Трите држави, сепак, особено ќе се фокусираат на енергетскиот сектор. За тоа е потребна заедничка стратегија. „Енергијата има приоритет за нашите три земји“, се оценува во завршната декларација од средбата. Експертите проценуваат дека за добра соработка во енегретската сфера е особено важно отворањето на досега строго регулираниот мексикански енергетски сектор.

Обама, Харпер и Пена Нието имаат за цел и да го модернизираат Договорот за слободна трговија во Северна Америка, т.н. НАФТА. На пазарот опфатен со договорот живеат повеќе од 460 милиони луѓе. Тројцата политички лидери имаат намера да продолжат и со преговори за Транспацифичко стратешко економско партнерство (ТПП). Кон ваквата зона на слободна трговија би требало да припаѓаат 12 држави од Северна и Јужна Америка, како и од Азија и Океанија. ТПП би бил најголем внатрешен пазар на светот.