1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

СДСМ чека одговор од ВМРО ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се’ уште очекува одговор од ВМРО ДПМНЕ за нивниот предлог, дипломатот Срѓан Керим да биде заеднички надпартиски претседателски кандидат. Експертите мислат дека се уште не се созда

default

Зоран Заев, в.д. претседател на СДСМ

Првиот човек на опозициониот Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, в.д. претседателот Зоран Заев, изјави дека се’ уште очекуваат одговор од ВМРО ДПМНЕ за нивниот предлог, дипломатот Срѓан Керим да биде заеднички натпартиски претседателски кандидат. Доколку во наредните денови не добијат одговор, ќе ја започнат постапката во партиските органи за избор на претседателски кандидат. Според Заев, целта на предлогот била да се постигнат фер и демократски избори, и како што рече, да се искористи историската шанса да се постигне единство по некое од важните прашања во државата. Заев потврди дека Керим не бил информиран и не дал согласност за објавување на неговото име како можен кандидат, туку одлуката консензуално ја донел Извршниот одбор на СДСМ.

S.Kerim, WAZ Mazedonien

Срѓан Керим

Владејачката партија има свои кандидати

ВМРО ДПМНЕ пак во меѓувреме излегоа со свои можни кандидати за оваа функција, што според дел од аналитичарите индиректно значи одбивање на предлогот од опозицијата. Но, претседателот на партијата Груевски има и друг проблем и со најавите на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски и тој да се кандидира како независен или како внатрепартиски против кандидат на веќе номинираниот професор Ѓорѓе Иванов. Експертите исто така сметаат дека во скоро време во земјата не може да биде кандидирана натпартиска личност. Причината е во огромната поларизација меѓу двете водечки партии во земјата, смета професорот Јован Кекеновски.



Аудио и видео прилози на оваа тема