1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

СДСМ: Уште една епизода во серијалот глумење на власта

Предвремените избори се нова епизода од серијалот глумење конфликт за нивно предизвикување со Груевски како нарачател и Ахмети како извршител, реагираше опозицискиот СДСМ. Партијата најави подготвеност за изборите.

Јавноста во Република Македонија ја проследи последната епизода од серијалот глумење конфликт за предизвикување предвремени парламентарни избори, премиерно прикажан во 2011-тата година, стои во денешното соопштение (01.03.2014) на опозиционата СДСМ, откако претходно во текот на денот ВМРО-ДПМНЕ објави дека ја прифаќа фрлената ракавица на ДУИ за одржување предвремени парламентарни избори.

Притоа се наведува дека главните актери од серијалот се повторно во истите улоги. Премиерот Никола Груевски е нарачател, Али Ахмети, лидерот на ДУИ е извршител.

„Шестгодишната коалицијата помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ е со катастрофални последици за Република Македонија. Државата е целосно уназадена. Казната за ваквите политики граѓаните ќе и‘ ја испорачаат на власта на претстојните избори“, се вели во соопштението.

ОД СДСМ истакнуваат дека се целосно подготвени за изборно соочување без оглед на, како што се наведува, карактерот на изборите.

Поврзана содржина