1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

СДСМ со критика за новите економско-социјални мерки на владата

Според најголемата опозициска партија новите мерки на владата се правени набрзина за да им се парира на теренските активности на СДСМ.

Вчера најавените мерки се само паничен обид на владата да се создаде лажна слика затоа што има катастрофални економски резултати, а локалните избори се ближат, изјави денеска (03.06.2012) во Струмица потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски, кој додаде дека мерките се правени на брзина само колку ВМРО-ДПМНЕ да им парира на теренските активности на СДСМ.

„Вистинска мерка на владата ќе беше да им ги врати на фирмите милионите евра што им ги должи за неплатени обврски и за поврат на ДДВ. Само таа, една единствена мерка, ќе и помогнеше на македонската економија 10 пати повеќе од сите мерки што вчера ги најави владата. Притоа, само се наметнува прашањето дали владата ќе ги користи повратот на ДДВ и плаќањето на нејзините обврски како инструмент за да врши притисок на фирмите и тие спротивно на својата волја да бидат принудени да ги реализираат мерките на Владата“, рече Јовановски.

„Илјадници работни места за еден споменик“

Тој додаде дека доколку не се трошеле пари за споменици, ќе се отвореле многу работни места.

„Владата најави дека за сите нивни мерки се потребни 13 милиони евра од буџетот на државата. Тоа е еден споменик од Скопје 2014. година. Значи владата трампаше илјадници работни места за само еден споменик. Колку ли работни места можеа да се отворат да не беа спомениците, златните коњи, златните огради и жалните врби?“, рече Јовановски.

Според него, владата вчера признала дека не е способна да ја раздвижи економијата и да помогне да се отворат нови работни места.

Вкупно 12 мерки од кои четири за нови шест до осум илјади вработувања и осум за конкуретна поддршка на компаниите, социјално ранливите семејства, земјоделците и транспортерите, најави вчера премиерот Никола Груевски.

Тој на прес-конфренција, на која присуствуваа сите владини министри, објасни дека мерките се дел од т.н. нов бран, а целта е подобрување на вкупната економско- социјална состојба во државата. За нивната реализација ќе бидат одвоени 13 милиони евра.