1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

СДСМ се откажа од условите и ќе оди на избори

Најголемата опозициска партија во Македонија се откажа од барањата со кои условуваше учество на следните парламентарни избори. Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски најави учество на предвремените парламентарни избори.

default

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски

Денеска (30.03.2011) значително се зголемија изгледите за одржување на предвремени парламентарни избори во Македонија. Претседателот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз , Бранко Црвенковски објави дека неговата партија се откажува од сите услови кои ги постави за одржување на изборите во земјата.

Wahlen in Mazedonien

Изборите се’ поизгледни

Меѓу барањата што не беа усогласени меѓу власта и опозицијата беше донесувањето на закон за рамномерна распределба на буџетските средства за јавни кампањи и деблокирање на сметки на медиумите од „Перо Наков“ б.б., кое подоцна го преформулираа како барање УЈП да не изнесува нови побарувања до медиумите до одржувањето на изборите.

Бранко Црвенковски на денешната прес-конференција најави дека СДСМ ќе учествува на следните парламентарни избори но и дека партијата не се враќа во Собранието

„Донесете каков сакате изборен закон. Направете каков сакате избирачки список. Трошете од буџетот колку сакате за ваше рекламирање по медиуми. Само соопштете го денот на избори и ние сме тука! Вие со вашиот закон, со вашиот избирачки список, со вашите медиуми, со вашите 220 милиони евра за купување на гласови на едната страна и ние со народот на другата страна. И ќе ве победиме! Со силата на народот ќе ве победиме!“, изјави Црвенковски.

Автор: СН/макфакс/миа

Редактор: Симе Недевски

DW.COM