1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

СДСМ се консолидира, но и’ прави услуга на ВМРО ДПМНЕ

Поделени реакции меѓу експертската јавност за случувањата во најголемата опозициска партија СДСМ. Исклучувањата на дел од членството се толкува како обид за политичко консолидирање, но и како недемократска постапка.

Таквата одлука, според дел од аналитичарите, директно и' носи штета на самата партија. Сепак, аналитичарот Петар Арсовски исклучувањето на видните партиски членови, Владо Бучковски и Димитар Бузлески го гледа како обид да се консолидираат членовите внатре во партијата, но и да се обесхрабрат оние кои мислат сами да излезат на избори.

Branko Crvenkovski, SDSM Parteichef, Skopje, Mazedonien

Поделени реакции меѓу експертите за одлуката на СДСМ да исклучи тројца видни членови од своите редови

„Истовремено е и порака до членството за консолидација, односно членството дицсиплинирано да ги следи, со оглед дека претстои тежок период по изнесените ставови во врска со предизборието, бојкотот на изборите, состојбите околу носењето на буџетот“, коментира Арсовски. Ваквите случувања според него можат да предизвикаат и евентуални негативни ефекти, но кога сме околу партиските исклучувања, мора да се земе во предвид дека станува збор за луѓе кои се независно активни и независни кандидати за избори, коментира Арсовски.

Аналитичарот Владимир Божиновски, пак, смета дека со последните постапки СДСМ си прави директно штета самата на себе. Тој е изненаден што повторно се применуваат исти инструменти за притисок како и во 2011 година, пред предвремените избори, кога Црвенковски понуди оставка во случај на пораз, а подоцна тоа не го стори.

„Со ова се поставува прашање дали СДСМ сака навистина избори во март или свесно прави тие да се пролонгираат и се претставува во негативно светло пред граѓаните, пред се' демографските групи, земјоделци, пензионери, бизнисмени, со тоа што свесно го блокира носењето на буџетот во собранието. Истовремено, исклучувањето на видни членови на партијата, кои во моментов не се носители на високи партиски функции, сметам дека е целосно непотребно. Со тоа се покажува недемократичноста во партијата што е спротивно на досегашните залагања на СДСМ. Ова е ригиден став и спротивен на интересите на партијата, што пак мислам дека оди во прилог на ВМРО-ДПМНЕ“, коментира Божиновски.

Der mazedonische Ministerpräsident Vlado Buckovski

Владо Бучковски

Исклучените од СДСМ, Бучковски и Бузлески вчера во јавноста реагираа дека одлуката е од дневно политичка природа за потребите на одрдени поединци во врвот на партијата. Бучковски смета дека Црвенковски не знае што прави и изрази убеденост дека на наредниот конгрес во мај, социјалдемократите ќе соберат сила да го победат Црвенковски за да може да го победат и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ инаку најави дека нема да учетсвува на локалните избори доколку власта не ги прифати измените на изборниот законик предложени од партијата и чистењето на избирачкиот список. Истовремено предложија и план за буџетски заштеди до 200 милиони евра. Доколку Владата го прифати ветија дека ќе ги повлечат амандманите за буџетот за догодина.