1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

СДСМ повторно во Собранието, нема импичмент за Црвенковски

Опозициониот СДСМ се врати во македонскиот парламент и го поддржа повторното носење на Законот за употреба на јазиците, на кој претходно претседателот Бранко Црвенковски стави вето

default

Уште еднаш изгласан Законот за употреба на јазиците

Собранието на Македонија по вторпат го изгласа Законот за употреба на јазиците, за него овојпат гласаа и пратениците од опозициониот СДСМ. Тие се вратија во Парламентот откако претседателот на државата Бранко Црвенковски донесе одлука за помилување на уапсениот градоначалник на Струмица и потпретседател на СДСМ, Зоран Заев.

Македонскиот премиер Никола Груевски отфрли можност за импичмент на претседателот Бранко Црвенковски, иако одлуката за помилување на Ёаев ја смета за незаконска.

DW.COM